• среда, 11 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стармер разговараше со Трамп за Украина и трговијата

Стармер разговараше со Трамп за Украина и трговијата

Лондон, 18 април 2025 (МИА) – Британскиот премиер Кир Стармер денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, а темите биле војната во Украина, меѓусебната трговија и националната безбедност, соопшти Кабинетот на британскиот премиер.

„Лидерите разговараа за тековните и продуктивни преговори меѓу Велика Британија и САД за трговијата. Премиерот ја повтори својата посветеност на слободна и отворена трговија и важноста за заштита на националните интереси“, се вели во соопштението.

Стармер и Трамп разговараа и за ситуацијата во Украина, Иран и неодамнешните напади врз Хутите во Јемен. На крајот од разговорот наводно се договориле да останат во контакт. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан