• петок, 05 декември 2025

Старите дотраени семафори во Велес кои еден месец  не работат треба да се заменат со нови

Старите дотраени семафори во Велес кои еден месец  не работат треба да се заменат со нови

Велес,17 јули 2025 (МИА) – Единствените семафори во Велес на раскрсницата пред Општина Велес не работат веќе еден месец, на што секојднево реагираат возачите и пешаците.

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев деновиве информира дека семафорите се поставени пред 20-тина години, според стара технологија и дека за нив нема делови и затоа не можат веќе да се поправаат, туку мора да се заменат со нови.

Од Кабинетот на градоначалникот, посочија дека во предлог измените на Програмата за ребаланс на буџетот предвидени се средства за набавка на нови семафори. Точката е ставена на дневен ред на претстојната седница на Советот на Општина Велес, која е закажана за понеделник 21 јули. ад/дма/

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан