• сабота, 22 јуни 2024

Стано: В среда нови разговори за надминување на проблемот со забраната на српскиот динар во Косово  

Стано: В среда нови разговори за надминување на проблемот со забраната на српскиот динар во Косово  

Брисел, 13 мај 2024 (МИА) - Дискусијата меѓу Белград и Приштина за надминување на проблемите предизвикани со одлуката на косовската Централна банка за прогласување на еврото за единствена легална валута во Косово, чиј преоден рок истече денеска, ќе продолжи и веќе за в среда во Брисел специјалниот претставник за дијалогот Мирослав Лајчак закажа нов рунда разговори на двете преговарачи делегации, најави денеска главниот портпарол на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.  

- Тие ќе ја продолжат дискусијата за изнаоѓање одржливо времено решение за луѓето кои се погодени од одлуката на косовската Централна банка. Во пресрет на оваа средба ЕУ очекува двете страни да покажат флексибилност и подготвеност за постигнување компромис, истакна Стано.  

Прашан дали ако најавените разговори в среда, кои би биле седми по ред посветени на ова прашање не вродат со плод, ЕУ ќе продолжи и во иднина да организира дијалог на оваа тема, Стано изјави дека Унијата очекува дека на секоја наредна средба ќе биде постигнат договор и дека таа би била последна за тоа прашање. 

- Ваквите прашања се само одвлекување на вниманието од тоа што ни е потребно. А нам ни е потребен напредок во имплементацијата на т.н. Охридски договор. Се надевам дека двете страни ќе се однесуваат во европски дух и ќе го постигнат неопходниот компромис, истакна Стано. 

Сепак, според него, во овој дијалог работите не зависат од надежите и очекувањата на ЕУ, туку од подготвеноста на Белград и Приштина за изнаоѓање прифатлив компромис. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан