• петок, 26 април 2024

Стано: Бриселскиот договор е обврска, Приштина треба да ги сноси последиците доколку не формира ЗСО

Стано: Бриселскиот договор е обврска, Приштина треба да ги сноси последиците доколку не формира ЗСО

Белград, 19 април 2024 (МИА) - Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска, по повод 11 години од потпишувањето на Бриселскиот договор, изјави дека сите обврски од тој договор, како валиден документ, мора да се спроведат и рече дека доколку Приштина не ја формира Заедницата на српски општини, ќе се соочи со последици.

Стано, рече дека тоа е валиден документ и нагласи дека ЕУ, заедно со своите меѓународни партнери, јасно и стави до знаење на Приштина дека мора да формира ЗСО, за што вели дека е едно од „клучните и најитните прашања“ во рамките на дијалогот.

„Тоа е валиден документ. Сите договори постигнати во рамките на дијалогот со помош на ЕУ се валидни документи, тие се валидни обврски и треба да се спроведат. Ова мора да се почитува и тоа е нешто што постојано им го повторуваме на нашите партнери“, рече Стано, пренесоа белградските медиуми. зш/

Остани поврзан