• недела, 17 ноември 2024

ССМ: Јавната закана на фирмите за отпуштања ќе донесе социјален немир, Владата да ја осуди

ССМ: Јавната закана на фирмите за отпуштања ќе донесе социјален немир, Владата да ја осуди
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Владата сериозно да го разгледа и да го осуди условувањето на компаниите кои вчера се заканија дека ќе отпуштат од 30 до 50 проценти од работниците поради зголемените трошоци кои ќе ги имале, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според ССМ, ваквата јавна закана ќе донесе социјален немир и ќе ја загрози веќе кревката социјална состојба на работниците и граѓаните во државата. -Фирмите треба да бидат одговорни. Владата во време на корона кризата ги помагаше бизнисите кои со парите на граѓаните се одржаа стабилни на пазарот, а исто така голем дел од нив ја злоупотребија паричната помош и наместо парите кај работниците завршија во нивните џебови, а обвинителството и институциите се уште молчат. Од тие причини бараме Владата да ја осуди и итно да преземе мерки во насока на спречување на ваквите условувања и да најде начин, законски да ги заштити вработените во приватниот сектор, посебно сега во ваква економска криза, особено поради тоа што бизнисот и газдите и во време на економска и енергетска криза направија милионски добивки, додека работниците едвај преживуваат и го чувствуваат на сопствена кожа најголемото зголемување на трошоците за живот, наведува ССМ. мч/са/

Остани поврзан