• сабота, 21 декември 2024

Српско Обвинителство за високотехнолошки криминал: Заканите до Танјуг испратени од Косово

Српско Обвинителство за високотехнолошки криминал: Заканите до Танјуг испратени од Косово

Белград, 3 октомври 2024 (МИА) - Заканата што пристигна во понеделникот до уредувачката е-пошта на српската новинска агенција Танјуг била испратена од Косово, објави таа агенција по добиени изнформации од Обвинителството за високотехнолошки криминал.

„Утврдено дека IP адресата на сторителот припаѓа на опсегот што го користат давателите на интернет услуги во Косово и Метохија“, соопштено е од Обвинителството на Србија.

Преку Министерството за правда е започната постапка за меѓусебна правна помош, во која се бара од ЕУЛЕКС да го утврди корисникот, односно потенцијалниот сторител на кривичното дело, објави агенцијата на својот веб-сајт. зш/

Остани поврзан