• понеделник, 23 декември 2024

Српското МВР потврди дека кај осмооделенец во „Владислав Рибникар“ бил пронајден нож

Српското МВР потврди дека кај осмооделенец во „Владислав Рибникар“ бил пронајден нож

Белград, 23 февруари 2024 (МИА) - Српското Министерство за внатрешни работи потврди дека кај ученик од основното училиште „Владислав Рибникар“, во Белград каде што се случи масакрот на 3 мај лани, бил пронајден нож.

„Откако денеска околу 10:35 часот училишниот полицаец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград бил известен дека осмоодделенец има нож во ранецот, истиот ученик веднаш бил пронајден и приведен кај директорот во тоа училиште“, се вели во соопштението на српското МВР.

„Ученикот рече дека ножот што му бил пронајден во ранецот не е негов. Никој не е повреден, ниту ученикот никому се заканувал. Сите ученици од ОУ Владислав Рибникар се безбедни“, се додава во соопштението на МВР и се наведува дека во тек е натамошната оперативна работа на полицијата.

Сите деца по овој инцидент биле ослободени, а родителите веднаш биле известени.

На 3 мај 2023 година во тоа училиште малолетникот К.К. уби девет ученици и лице од обезбедувањето. Тој е однесен во специјална установа, додека на неговите родители им се суди во две одвоени постапки. ссм/зш/

фото: Инстаграм страна на МВР на Србија

Остани поврзан