• четврток, 25 декември 2025

Средношколци ќе обноват 190 клупи за седење во Струмица

Средношколци ќе обноват 190 клупи за седење во Струмица

Струмица, 25 декември 2025 (МИА) - Учениците од дрвопреработувачката струка од ДСУ „Никола Карев“ Струмица, во соработка со Општина Струмица и „Комуналец“, ќе ги обноват оштетените клупи во Градскиот парк и во останатите делови од градот, соопштија од локалната самоуправа.

-Учениците заедно со професорот Никола Узунов, деновиве направија увид и констатираа дека вкупно 190 клупи за седење треба да се санираат, односно да се постават нови дрвени подлоги кои ќе ги изработат учениците, а останатите клупи кои што имаат здрави дрвени подлоги ќе бидат бојадисани со посебно средство за заштита на дрвото, се наведува во информацијата.

Материјалите за обнова на клупите ќе ги обезбедат ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица, кои од страна на учениците од дрвопреработувачката струка, образовен профил-техничар за мебел и ентериер, ќе бидат обработени во нови дрвени подлоги за оштетените клупи.

Инаку, учениците од оваа струка со своите професори досега имаат изработено шкафчиња за секое дете во основните училишта, мебел за Одделот за невропсихијатрија при ЈЗУ „Општа болница Струмица“ и кујна за потребите на училиштето.рт/вј/

Фото: Општина Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан