• понеделник, 23 декември 2024

Средношколци од Куманово се едуцираа за препознавање булинг и промоција на толеранција

Средношколци од Куманово се едуцираа за препознавање булинг и промоција на толеранција

Куманово, 25 септември 2023 (МИА) - Средношколци од Куманово, денеска на трибина во Занаетчискиот дом се едуцираа за начините за препознавање на булингот, различните форми на насилство помеѓу младите, како да се превенира и стопира насилството. Настанот го организира Црвениот крст Куманово во рамки на обележувањето на неделата за промоција на хумани вредности која годинава е под мотото промоција на мир, толеранција, соживот. Во последниве години расте бројот на ученици кои пријавуваат булинг преку социјалните мрежи. Дивна Јанкова, психолог од кумановското училиште „Наце Буѓони“ вели дека главната разлика сега, помеѓу насилството и булинг е што тој трае подолго на психичко, вербално насилство. Жртви на булингот обично се поповлечените деца.

- Оној кој врши булинг е помоќен и ја контролира жртвата. Последиците можат да бидат емоционални и психосоматски. Родителите, околината може да препознае по неколку знаци, повлекување, избегнување на активности, нервоза, обично подобрите ученици стануваат помалку успешни, одбегнување подрачја, личности, појава на анксиозност, може да дојде и до депресија, која е резултат на пролонгиран стрес, вели Јанкова.

Во Куманово изминатиов период по укажувања на родителите функционираа групи формирани на социјални мрежи каде жртви беа ученици. Психолозите веќе најдоа начин да се вклучат во групите, преку нивните ученици во т.н. шема на поддршка.

- Многу е важно останатите да не бидат неми набљудувачи. Важно е да ги придобиеме и жртвите и они кои вршат булинг, бидејќи обично и тие копираат нечиј модел на повредување. Во „Наце Буѓони“ имаме групи за медијација. Заеднички, незабележително во тие групи се и оние кои булираат и жртвите. Оние кои вршат веќе самите препознаваат дека се агресори и учат преку позитивен модел и пример, вели Јанкова.

Ученичките од „Наце Буѓони“, Милица Стојковиќ и Фатјона Сулејмани кажаа дека се обучени преку клубовите за медијација како да промовираат толеранција и ненасилна комункација, но и како да придобијат повеќе ученици на своја страна.

- Постковид забележливо е зголемување на невроза, конфликти и не само меѓу младите туку и генерално, затоа е важно да се избориме користејќи методи за промоција на толеранција, велат ученичките.

поред тручните лица, важно е да се работи на подигање на свеста кај сите, не само кај младите генерално и меѓу родителите. 

Ива Младеновска, од Црвен крст Куманово посочи дека и младите волонтери изработиле кратки филмови кои повикуваат на толеранција, мир и соживот. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан