• петок, 22 ноември 2024

Средби на министерот Тошковски со амбасадорите на Босна и Херцеговина и на Холандија

Средби на министерот Тошковски со амбасадорите на Босна и Херцеговина и на Холандија

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил средби со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јачимовиќ и со холандската амбасадорка Озлем Канел.

На средбата со амбасадорот на БиХ, како што соопшти ресорното Министерство, Тошковски ја потенцирал одличната досегашна соработка со Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина и изразил подготвеност за продлабочување на соработката, меѓу другото, и преку усогласување на неколку акти, како што се Меморандумот за поддршка и соработка во областа на заедничките обуки и Протоколот за соработка во областа на форензичките испитувања и вештачења, кои ќе овозможат олеснување на ваквата соработка.

На средбата со холандската амбасадорка Озлем Канел се разговарало за реформите во безбедносниот сектор и соработката на заедничките проекти и прашања од областа на безбедноста. Било разговарано за склучување на договор за полициска соработка меѓу владите на двете земји, кој ќе ја дефинира соработката во областите на борбата против екстремизмот и тероризмот, борбата против трговијата со дрога, како и во областа на форензиката, компјутерскиот криминал итн. дма/бак/

Фото: МВР

Остани поврзан