• среда, 15 мај 2024

Средби на Адеми во Тирана, во рамки на Регионална конференција „Улогата на парламентите во Берлинскиот процес“

Средби на Адеми во Тирана, во рамки на Регионална конференција „Улогата на парламентите во Берлинскиот процес“

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав Арбер Адеми и Љупчо Пренџов, денеска и утре во Тирана, учествуваат на Регионална конференција на тема „Улогата на парламентите во Берлинскиот процес“, што се оддржува во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес на 16 октомври во албанската престолнина.

Конференцијата, ја отвориле претседателките на Собранието, Линдита Никола и на Комисијата за европски прашања, Јорида Табаку, министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, на Република Албанија, како и претседателката на РСС, Маљинда Брегу, кои ја нагласиле потребата за вклучување и моделирање на парламентарната димензија во Берлинскиот процес како додатна вредност и можност за зајакнување на регионалната соработка на параламентите на земјите од Западен Балкан.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, во рамки на темата, обраќање имал претседателот на Комисијата за европски прашања, Адеми, кој честитајќи и го првото претседавање на Албанија со Берлинскиот процес, како прва земја од земјите од Западен Балкан, изразил поддршка на иницијативата за вклучување на парламентарната димензија во процесот.

Адеми истакнал дека активното учество на парламентите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, ќе резултира со посилна регионална соработка, ќе придонесе за помирување и издигнување над недоразбирањата од минатото, и ќе не насочи кон подобра и посветла иднина на регионот.

- Нашата географска поврзаност како балкански земји, во услови кога споделуваме исти вредности и имаме исти цели, природно не упатува на потребата од регионална соработка, и тоа на сите полиња. Во таа смисла, потребна ни е повеќе интеграција, пред реализацијата на нашето членство во Европската унија, што всушност во одредена форма е и дел од овој процес, рекол Адеми.

Во врска со улогата на парламентите во Берлинскиот процес, Адеми нагласил дека треба да се гледа многу пошироко, односно како можност, преку пратениците да бидат претставени интересите на граѓаните. цр/аа/

Фото:Собрание на РСМ

Остани поврзан