• среда, 22 јануари 2025

Средба Трајков - Милер од УНИЦЕФ: Заедничка работа за создавање подобра иднина за сите деца во нашата земја

Средба Трајков - Милер од УНИЦЕФ:  Заедничка работа за создавање подобра иднина за сите деца во нашата земја

Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) – Заедничка работа на УНИЦЕФ и Владата во насока на создавање подобра иднина за сите деца во нашата земја, со акцент на спроведувањето на реформите кои ќе придонесат за нивна целосна заштита и развој. Оваа заложба беше потврдена на денешната средба на заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков и Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во нашата држава и нејзината заменичка Силвија Чиаручи.

- Унапредување на правата на децата, образовните реформи и интеграцијата на младите во општествените процеси, беа во фокусот на разговорите. На средбата беше истакната важноста од заедничка соработка помеѓу Владата и УНИЦЕФ за креирање подобри услови за раст и развој на децата, соопштуваат од Министерството за европски прашања.

На средбата Трајков ја истакнала посветеноста на Владата кон спроведување политики кои го подобруваат квалитетот на образованието, пристапот до здравствени услуги и поддршката за децата и младите, особено во контекст на усогласување со европските стандарди.

- Лесли Милер потенцираше дека УНИЦЕФ ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во реализирањето на долгорочни проекти кои обезбедуваат поголема инклузија, квалитетно образование и заштита на правата на децата, известуваат од Министерството.

Оттаму посочуваат дека соговорничките посебен акцент ставиле на предизвиците поврзани со раниот детски развој, дигитализацијата на образованието и интеграцијата на младите во пазарот на труд. ир/лв/

Фото: Министерство за европски прашања

Остани поврзан