• петок, 22 ноември 2024

Скопје предложен за домаќин на следниот Министерски форум ЕУ - Западен Балкан за првада и внатрешни работи

Скопје предложен за домаќин на следниот Министерски форум ЕУ - Западен Балкан за првада и внатрешни работи
Скопје, 28 март 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со државниот секретар Магдалена Несторовска денеска одржаа работна средба со амбасадорот на Шпанија во земјава Хозе Луис Лозано Гарсија и шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир.Како што соопшти МВР, на средбата двајцата амбасадори ги поздравија искрените напори на земјава во процесот на преговори со ЕУ и успешноста на билатералниот состанок со Европската Комисија.
 
Притоа, амбасадорот Гарсија, чија што земја во јуни годинава ќе го преземе претседавањето со Советот на Европската Унија, даде предлог следниот Министерски форум на ЕУ и Западен Балкан - за правда и внатрешни работи - што се планира да биде одржан во октомври 2023 година, да се одржи токму во Скопје, односно негов домаќин да биде Република Северна Македонија.Министерот Спасовски заблагодарувајќи им се на амбасадорите Гарсија и Гир за досегашната успешна соработка и партнерство на нашиот пат кон полноправно членство во Унијата, нагласи дека за нас ќе преставува голема чест да бидеме домаќини на ваков голем и важен настан, со што дополнително ќе се испрати силна и цврста порака кон земјите членки на ЕУ за европски аспирации на Република Северна Македонија, посебно во областа на правдата и внатрешни работи. дма/сп/
 
Фото: МВР
 

Остани поврзан