• петок, 22 ноември 2024

Средба Сијарто - Сибиха во Будемпешта

Средба Сијарто - Сибиха во Будемпешта

Будимпешта, 30 септември 2024 (МИА) - Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска изјави дека имал многу искрен разговор еден на еден со неговиот унгарски колега Петер Сјарто и покрај несогласувањата околу рускиот напад врз Украина.

На заедничката прес-конференција, Сибиха се заблагодари на Будимпешта за поддршката на санкциите на ЕУ против Русија и рече дека Киев е „посветен на развивање прагматични и предвидливи добрососедски односи“.

Откако Сијарто рече дека Будимпешта ќе поддржи секоја иницијатива за постигнување мир во Украина, Сибиха изрази надеж дека се надева оти Унгарија ќе продолжи да ги поддржува „украинските иницијативи“, мислејќи на плановите на Киев да отфрли какви било руски територијални придобивки. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан