• сабота, 27 јули 2024

Средба на Тошковски со претставници на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ

Средба на Тошковски со претставници на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ

27 февруари 2024

Во рамките на денешните активности министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се сретна со претседателот Илија Господинов и претставници на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.

На средбата министерот Тошковски беше запознаен за нивната структура и тековните активности, како и за важноста на нивната индустрија која има сериозен удел во македонската економија.

Имајќи го предвид фактот што се работи за индустрија која главно е извозно ориентирана и заради нивно непречено функционирање на средбата Тошковски посочи дека како Министерство ќе им се излезе во пресрет на нивните членови во делот на проблемите со промена на патните исправи.

На крајот беше заклучено дека во иднина треба сите заеднички да инвестираме во дигитализација на македонското општество со цел граѓаните да можат непречено да ги добиваат услугите од државните институции во најбрз можен рок.

Министерство за внатрешни работи

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан