• петок, 22 ноември 2024

Средба на Тошковски со заменик амбасадорот на Шведска Биби Грамсон

Средба на Тошковски со заменик амбасадорот на Шведска Биби Грамсон

Скопје, 5 март 2024 (МИА) - Техничкиот министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил работна средба со заменик амбасадорот на Кралството Шведска Биби Грамсон, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

На средбата Тошковски ја потенцирал улогата што ја има МВР во насока на спроведување на изборните процеси кои ни претстојат, како и правата и обврските кои ги има како министер во оваа техничка Влада, кои имаат цел за организирање фер и демократски избори.

Заменик амбасадорот Грамсон, се додава во соопштението, ја истакнал добрата соработка со македонската полиција, а нејзиниот тим го претставил проектот за Шведската поддршка на полициските реформи кој ќе го спроведува „СИДА“ Шведската меѓународна агенција за развојна соработка.

Тошковски се заблагодарил за досегашната поддршка на македонската полиција и изјавил дека стои на располагање за сите потреби за тековно спроведување на предвидениот проект. цр/лв/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан