• недела, 22 декември 2024

Средба на техничкиот министер за внатрешни работи Тошковски со грчката амбасадорка Филипиду

Средба на техничкиот министер за внатрешни работи Тошковски со грчката амбасадорка Филипиду

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција во земјава Софија Филипиду.

На средбата, како што информираат од МВР, беа потврдени заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, особено во областа на безбедноста и полициската соработка.

Тошковски го презентираше наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање. сст/са/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан