• четврток, 25 април 2024

Средба на Таравари со претседателот на Албанија Бегај

Средба на Таравари со претседателот на Албанија Бегај
Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) - Улогата на Албанија во регионалната соработка, зајакнувањето на регионалната соработка на Западен Балкан и заштитата на албанското духовно наследство, беа дел од темите на денешната средба на в.д. претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари и претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај.
Средбата, како што информира Алијансата за Албанците, беше оценета како плодна и братска, потврдувајќи ги пријателските односи меѓу двете земји, со заложба за нивно продлабочување.
Таравари беше придружуван од сопартијците Исен Шабани - градоначалник на општина Врапчиште и Артина Ќазими, Абдула Салиу и Сирија Рашиди - пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.
-Честитајќи му за изборот во функцијата, му се заблагодарив на претседателот Бегај за незаменливата улога на Албанија во регионалната соработка, вклучувајќи ја и примерната солидарност со соседите на нашиот заеднички пат кон Европската Унија. Му честитав за покажаното лидерство на Република Албанија на меѓународен план, што се докажува и со организирањето на Самитот ЕУ - Западен Балкан на 6 декември, историски настан за Тирана и за целиот регион, изјавил Таравари по средбата.
На оваа средба, како што се наведува, се разговараше и за зајакнувањето на регионалната соработка на Западен Балкан, при што беше потенциран напредокот постигнат во Берлинскиот процес и заедничкиот регионален пазар, а беа разгледани и многу прашања од заеднички интерес, како што се Заедничкиот буквар и Куќата на Азбуката во Битола.
-Побарав од претседателот да се заложи за спас на ова албанско духовно наследство од пропастот што беше најавено пред извесно време. Разговаравме и за реализација на некои други стратешки проекти за нацијата, како што се железничката пруга Кичево-Лин и Патот на Арбр, нагласил претседателот на АА. мд/аа/

Остани поврзан