• понеделник, 01 јули 2024

Средба на Сиљановска Давкова со шпанскиот амбасадор: Шпанија е наш важен партнер во рамки на НАТО, ОН и ОБСЕ и поддржувач на аспирациите за членство во ЕУ

Средба на Сиљановска Давкова со шпанскиот амбасадор: Шпанија е наш важен партнер во рамки на НАТО, ОН и ОБСЕ и поддржувач на аспирациите за членство во ЕУ

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хосе Луис Лосано Гарсија, на која биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои годинава одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, при што била истакната посветеноста за натамошно јакнење на пријателските и партнерски односи меѓу двете држави.

Претседателката Сиљановска Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, истакнала дека Шпанија е наш важен партнер во рамки на НАТО, ОН и ОБСЕ и поддржувач на аспирациите за членство во Европската Унија, што јасно го демонстрираше за време на своето претседателство со Советот на ЕУ во втората половина на минатата година.

Во тој контекст, било разговарано за натамошниот тек на реформската агенда по формирањето на новата Влада. На средбата биле разменети мислења за актуелните состојби во поширокиот регион.

Претседателката Сиљановска Давкова посочила на интересот од македонска страна за натамошно интензивирање на економската соработка и трговската размена меѓу двете држави. дма/ац/

Фото: Кабинет на претседателката

Остани поврзан