• понеделник, 07 октомври 2024

Средба на претседателот на ЗЕЛС со турскиот амбасадор и со други претставници на владини и невладини организации

Средба на претседателот на ЗЕЛС со турскиот амбасадор и со други претставници на владини и невладини организации

Скопје, 9 февруари 2023 (МИА) - Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денеска имаше средба со амбасадорот на Република Турција во нашата земја, Хасан Мехмет Секизќок. На средбата, присуствувал и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити, како и неколку претставници од централната власт.

Главна тема на разговорите бил начинот и видот на поддршката што единиците на локалната самоуправа од нашата земја може да ја обезбедат за настраданите од подрачјата зафатени од неодамнешниот катастрофален земјотрес што ја погоди оваа држава, како и Република Сирија.

Како што соопштија од ЗЕЛС, било нагласено дека според утврдените потреби на населението од овие подрачја во Турција и во Сирија засега најпотребни се финансиски средства што се улаќаат на отворената сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес.

Во таа насока претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски, упати апел до сите општински совети и до општините, во рамките на своите можности да обезбедат првенствено парична донација, која, исто така се уплаќа на оваа отворена сметка на Црвениот крст, ЛИНК: https://ckrm.org.mk/pomosh-na-nastradanoto-naselenie-pogodeno-od-katastrofalniot-zemjotres-vo-turtsija-i-sirija/

Посочено било дека нема да бидат одбиени и донации во вид на материјални добра, а за нивна достава општините треба да ги контактираат локалните организации на Црвениот крст. При тоа е утврдена и соодветна листа на бараните материјали. Во согласност со добиените насоки од погодените држави било потенцирано дека користени работи не се прифатливи како донација, а како најпотребни барани материјални средства од страна на настраданите, приоритет имаат шатори, ќебиња и греалки.

Исто така, Ѓорѓиевски апелира до градоначалниците, доколку Црвениот крст утврди дека има потреба од отворање и на дополнителни пуктови за донација, општините што поитно да излезат во пресрет на ваквите барања, односно да обезбедат соодветен простор и услови за таа намена. цр/ац/

Остани поврзан