• понеделник, 01 јули 2024

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска ја примила амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.

Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова, на средбата се разговарало за одличните билатерални односи што се одликуваат со интензивен политички дијалог и конструктивна соработка во сите сфери од заемен интерес. Во таа насока, се наведува во соопштението, претседателката истакнала дека двете пријателски земји имаат заеднички стратешки цели и интереси за траен мир, стабилност и просперитет на регионот и пошироко. 

Сиљановска Давкова упатила честитки до премиерот Андреј Пленковиќ по повод формирањето на новата Влада во Република Хрватска.

Таа, се вели во соопштението, ја истакнала важноста на цврстата и континуирана хрватска поддршка за македонскиот евроинтегративен процес како најдобар пат за развојот на регионот и за стабилноста на Европа. Ја нагласила и посветеноста на двете земји како НАТО сојузници за промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорноста кон НАТО и придонесот за меѓународните мировни операции. цр/нд/

Фото: Кабинет на Гордана Сиљановска Давкова 

 

 
 

Остани поврзан