• понеделник, 01 јули 2024

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со српската амбасадорка Невена Јовановиќ

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со српската амбасадорка Невена Јовановиќ

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Севкупните билатерални односи меѓу двете држави, биле во фокусот на разговорите на денешната средба на претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ.

Од кабинетот на Сиљановска Давкова соопштија дека таа ја реафирмирала определбата од македонска страна за натамошно унапредување на меѓусебните односи по пат на отворен дијалог, за сите прашања од заемен интерес.

- Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека просперитетот и стабилноста на целиот регион, но и неговата европска интеграција, меѓу другото зависат и од нашите добри билатерални односи и посочи дека ќе работи во насока на продлабочување на односите, проширување на соработката, зацврстување на заемната доверба, разбирањето и добрососедството, се наведува во соопштението. 

Претседателката Сиљановска Давкова и амбасадорката Јовановиќ размениле мислења и информации за актуелните состојби во регионот, во контекст на неговата европска перспектива.

Амбасадорката Јовановиќ упатила честитки до претседателката Сиљановска Давкова по повод стапувањето на функцијата. цр/лв/

Фото: Кабинет на  претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова

 

 

Остани поврзан