Средба на претседателката Сиљановска Давкова со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер
- Двајцата претседатели остварија куса средба, на која разменија мислења за пост-изборниот период во земјата и формирањето на новата влада и очекувањата за спроведување на реформите на македонскиот пат кон Европската Унија.
![Средба на претседателката Сиљановска Давкова со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер](https://mia.mk/images/20240612091420_big_730x400_89.webp )
Берлин, 12 јуни 2024 (МИА) - Претседателката Сиљановска Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот, што за учесниците на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин го приреди претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.
Двајцата претседатели остварија куса средба, на која разменија мислења за пост-изборниот период во земјата и формирањето на новата влада и очекувањата за спроведување на реформите на македонскиот пат кон Европската Унија, соопшти кабинетот на Сиљановска Давкова.са/цр/
Фото: кабинет на претседателката Сиљановска Давкова