• петок, 22 ноември 2024

Средба на Пецаков со амбасадорката на Црна Гора, Петровиќ

Средба на Пецаков со амбасадорката на Црна Гора, Петровиќ

Охрид, 13 јуни 2023 (МИА) - Развој на туризмот и промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација, биле во фокусот на денешната средба на градоначалникот Кирил Пецаков со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ.

На средбата, како што соопшти општинската прес-служба, биле потврдени добрите односи што Општина Охрид ги негува со збратимените и пријателски градови од Црна Гора, Будва и Котор.

- Беше разговарано и за зачувување на животната средина, заштита на Студенчишкото Блато и состојбата со Колекторскиот систем на Охридското Езеро. Градоначалникот и амбасадорката разговараа и за можностите за соработка во делот на подготвување на проекти, како и за економска соработка со организирање на регионални економски форуми меѓу малите бизниси од Македонија и Црна Гора, стои во информацијата.

Двајцата соговорници се осврнале и на соработката што Охрид ја има со црногорската општина Котор и за размената на искуства со УНЕСКО.

Заеднички се согласиле дека Организацијата на градови со светско културно наследство (OWHC) треба да продолжи со своите активности и да се организира средба во Охрид меѓу градоначалниците од градовите кои се дел од оваа организација. сс/цр

Фото: Општина Охрид

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан