• вторник, 24 декември 2024

Средба на министерот за внатрешни работи во техничката Влада со белгискиот амбасадор

Средба на министерот за внатрешни работи во техничката Влада со белгискиот амбасадор

Скопје, 9 февруари 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски остварил работна средба со амбасадорот на Кралството Белгија, Фредерик Мерис кого го запознал со активностите што ги презема Министерството во насока на спроведување на изборните процеси што претстојат.    

Како што се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи, министерот Тошковски ја претставил подготвеноста за ефикасна борба со организираниот криминал и корупцијата, а ги образложил и преземените мерки за подобрување на процедурите за вадење на лични документи.

Амбасадорот Мерис, како што се вели во соопштението, ги поздравил заложбите за борба против организираниот криминал и побарал овој вид соработка со Кралството Белгија да продолжи со посилен интензитет во иднина.  

- Во однос на роковите за промена на патните исправи на македонските државјани, амбасадорот Мерис истакна дека потребно е земјите членки на ЕУ да заземат заеднички став по ова прашање, се вели во соопштението од МВР. бак/ев/

Фото: МВР

 

 

Остани поврзан