• сабота, 21 декември 2024

Средба на Лавров со арапските дипломати поради ситуацијата на Блиски Исток

Средба на Лавров со арапските дипломати поради ситуацијата на Блиски Исток

Москва, 2 октомври 2024 (МИА) – Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска имаше средба со арапските амбасадори во Москва поради тензиите на Блиски Исток.

Средбата на Лавров, како што истакна портпаролката на руското МНР, Марија Захарова била на барање арапските амбасадори.

- Изразена е длабока загриженост поради зголемените ризици од избувнување на војна од големи размери на Блискиот Исток со разорни последици за целиот регион, наспроти заднината на одмазднички ракетен напад на Иран на израелска територија на 1 октомври, наведе Захарова.

Иранската револуционерна гарда синоќа објави дека лансирала повеќе од 100 ракети кон Израел како одговор на неодамнешните убиства на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, лидерот на Хезболах Хасан, Насрала и заменик-командант на иранската Револуционерна гарда, Абас Нилфорушан.

Додека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран направил „голема грешка“ и оти „ќе плати за тоа“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан