• среда, 15 мај 2024

Средба на директорите на ЦИА и Мосад со премиерот на Катар посветена на примирјето во Газа

Средба на директорите на ЦИА и Мосад со премиерот на Катар посветена на примирјето во Газа

Доха, 29 ноември 2023 (МИА) - Шефовите на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и на израелската Мосад вчера во Доха се сретнаа со катарскиот премиер за да разговараат за понатамошните чекори по дводневното продолжување на примирјето меѓу Израел и палестинската група Хамас, јави Ал Џезира.

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс и Дејвид Барнеа, шеф на разузнавачката служба Мосад, вчера разговараа со премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани, еден ден откако Доха објави дводневно продолжување на првичното четиридневно хуманитарно примирје во Газа.

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс беше во Доха „на состаноци за конфликтот меѓу Израел и Хамас, вклучително и дискусии за заложниците“, изјави неименуван американски функционер.

Инаку, Катар, каде се наоѓаат неколку политички лидери на Хамас, ги води преговорите меѓу палестинската милитантна група и Израел. На средбата, официјалните лица разговарале за можните параметри од новата фаза од договорот за прекин на огнот. Исто така, се посочува, разгледале што е потребно за да се постигне прекин на огнот кој би траел повеќе од неколку дена. Пред тој состанок, катарските власти разговараа со претставници на Хамас за да добијат увид во тоа што групата може да се согласи. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан