• петок, 05 декември 2025

Средба на вицепремиерот Фетаи со делегацијата на Европската служба за надворешни работи

Средба на вицепремиерот Фетаи со делегацијата на Европската служба за надворешни работи

Скопје, 30 јуни 2025 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска се сретна со делегацијата на Европската служба за надворешни работи, предводена од Зузана Михаљцова Шутиакова, шефица на одделението за Западен Балкан.

Како што соопштија од неговиот кабинет, на средбата, Фетаи нагласил дека Владата на Северна Македонија е посветена на враќањето на владеењето на правото во земјата, преземајќи конкретни чекори во борбата против корупцијата и нејзиното спречување.

-Заменик-претседателот Фетаи ја информираше европската делегација за чекорите што ги презел неговиот кабинет во оваа насока, вклучувајќи го усвојувањето на Годишниот план за работа, кој е главно насочен кон борбата против корупцијата, формирањето на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата, како и усвојувањето на новата Стратегија за финансиски истраги и конфискација на незаконски стекнат имот.

Беше разговарано и за Реформската агенда на Владата, која продолжува со полн капацитет, во согласност со целите за усогласување со законодавството на ЕУ, стои во соопштението. вг/лв/

Фото: Кабинет на вицепремиерот Арбен Фетаи

Остани поврзан