• сабота, 09 ноември 2024

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со турскиот амбасадор Фатих Улусој

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со турскиот амбасадор Фатих Улусој

Скопје, 3 септември 2024

Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Република Туркије во Скопје, предводена од амбасадорот, г. Фатих Улусој. 

Средбата се одржа во конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во двете земји, со фокус на дополнително подигнување на нивото на соработка, како и создавање можности и уште подлабоки пријателски врски меѓу двата народа и двете држави, особено во поглед на зајакнување на меѓуетничките односи. 

Двајцата соговорници се согласија за поттикнување на турските компании за инвестирање во Северна Македонија, надминување на потешкотиите со кои се соочуваат истите, можноста за започнување преговори за ажурирање на договорот за слободна трговија и организирање на турско-македонски бизнис форум со учество на турски и македонски компании во наредниот период. 

Посебен акцент на средбата беше ставен на турската заедница која живее во нашата земја, а амбасадорот Улусој истакна дека Република Туркије кон РС Македонија има посебен однос и нивната цел е да имаат добар однос со сите етнички заедници, како и дека се отворени да дадат придонес за евентуално решавање на сите потенцијални проблеми. 

„Не треба да барате поддршка од мене, ја имате без оглед на проблемот со кој се соочува турската заедница во земјава“, истакна потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, потенцирајќи ја уште еднаш поддршката на Министерството за односи меѓу заедниците за надминување на потешкотиите при образованието на мајчин јазик.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји е клучна за стабилноста и развојот на регионот во целина.

Кабинет на потпретседател на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Остани поврзан