• недела, 19 јануари 2025

Делегација од турската општина Буџа во посета на Берово

Делегација од турската општина Буџа во посета на Берово

Берово, 20 декември 2024 (МИА) - Делегација од Општина Буџа, град Измир, Република Турција, предводена од градоначалникот Ѓуркем Думан од денеска е во официјална посета на Општина Берово.

На средбата со градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, како што истакнаа од Општината, се разговарало за можностите за меѓуопштинска соработка, за развој на билатералните односи, за економска соработка и реализација на  проект, за размена на млади и подигање на соработката помеѓу двете збратимени општини на повисоко ниво. 

 -На средбата исто така, се разговараше за младинска политика, размена на ученици и искуства и можни форми за понатамошна соработка. Во рамките на посетата, преку презентација, имавме можност да им ја претставиме општина Берово, со сите природни  и економските ресурси и капацитети, со посебен акцент на туризмот, информираа од Општината.

Во рамки на посетата се одржа и средба помеѓу средношколци од ОСУ „Ацо Русковски", претседателот и секретарот на средношколската младина и ученици од турска националност, како и претставници од општинска администрација, на која се разговараше за размена на ученици и воведување на добри практики.

Очекувањата на градоначалникот Пекевски од посетата се остварување успешна соработка и заедничка реализација на проекти за добробит на двете општини.

Градоначалникот на Буџа, Думан најави посета на технички тим, во блиска иднина, кој ќе ја скенира состојбата на терен и понатаму ќе се развиваат билатералните односи и ќе се реализира заеднички проект. вс/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан