• понеделник, 23 декември 2024

Средба на амбасадорот Вал со членови на Делегацијата на Собранието во ПС на ОБСЕ

Средба на амбасадорот Вал со членови на Делегацијата на Собранието во ПС на ОБСЕ

Скопје, 28 март 2023 (МИА) - Амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во земјава, денеска во Собранието на Република Северна Македонија, оствари средба со членови на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ.

На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, покрај изразеното взаемно задоволство за годинешново претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ,е разговорано и за реформските процеси во земјава, во делот на областите кои се во фокусот на интересот и надлежностите на Организацијата. Притоа, на средбата е разговарано за планираните активности на парламентарно ниво на Делегацијата на Собранието во ПС на ОБСЕ во наредниот период, со оглед на претседавањето на земјава со Организацијата, како и за рефомите во делот на изборното законодавство, собранискиот Деловник, младинските политики, кривичното право и родовата рамноправност.

Пратеникот Игор Јанушев, како шеф на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ, изразил задоволство од реализирањето на средбата со новиот амбасадор Килијан Вал, изразувајќи очекување дека ќе продолжи поддршката, не само на нашата земја, туку и на земјите од регионот.

Круна на соработката со ОБСЕ, како што рече Јанушев, е нашето претседавање со Организација во 2023 година, што несомнено претставува многу сериозен ангажман, чие успешно спроведување е од заеднички интерес. Тој нагласи дека нашето партнерство со ПС на ОБСЕ особено се засили минатата година, во пресрет на преземањето на претседателството и дека нашето Собрание има обрска да ја организира седницата на Бирото на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што ќе се одржи на 30 ноември 2023 година, ден пред состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Амбасадорот Вал посочил дека Собранието и Мисијата на ОБСЕ во земјава во континуитет одржуваат добра и плодна соработка, истакнувајќи дека Организацијата високо го цени придонесот на Северна Македонија. Амбасадорот рече и дека земјава добро се подготвува за Министерскиот совет во ноември, нагласувајќи дека Северна Македонија треба да биде горда за претседавањето со ОБСЕ.

Пратеничката Моника Зајкова се заблагодарила на соработката со ОБСЕ во делот на младинските политики, посочувајќи дека тоа е од големо значење за задржување на младите луѓе во земјава и за раст на довербата во процесите за интеграција во ЕУ.

Пратеникот Халил Снопче, зборуваше за можностите за промени во изборната регулатива. Тој оценил и дека е потребна поголема координација меѓу Министерството за надворешни работи и парламентот во делот на активностите во рамки на претседавањето со ОБСЕ.фф/са/

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан