• понеделник, 23 декември 2024

Средба Муцунски - Милер: Развивање и продлабочување на соработката со УНИЦЕФ

Средба Муцунски - Милер: Развивање и продлабочување на соработката со УНИЦЕФ

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со новоименуваниот претставник на УНИЦЕФ во земјава, амбасадорката, Лесли Милер, со цел предавање на копиите од акредитивните писма.

Како што соопштија од МНР, Муцунски и честиташе на Милер за именувањето на функцијата претставник на УНИЦЕФ, изразувајќи уверување дека со нејзиното искуство и посветеност ќе придонесе за зајакнување на заемната соработка во периодот што следи.

Воедно, Муцунски информираше за приоритетите и активностите на Владата, нагласувајќи дека во фокусот на работата ќе биде унапредувањето на човековите права, со акцент на правата на најранливата категорија, т.е. децата.

-Програмата за соработка 2021 – 2025 овозможува развивање и продлабочување на соработката со УНИЦЕФ, но и спроведување на приоритетните активности од Владиниот план за правата на децата, што е во согласност со Националната стратегија 2020-2025 и Акциониот план за спречување и заштита на децата од насилство, истакна Муцунски.

На средбата, се додава, станало збор и за проектите на УНИЦЕФ во земјава што имаат за цел промовирање на европските вредности за чие почитување континуирано се залагаме.

-Соговорниците разменија ставови околу досегашната взаемна соработка на Фондот со земјата, изразувајќи надеж дека истата ќе продолжи успешно и во иднина, стои во соопштението. вг/

Фото: МНР

Остани поврзан