• четврток, 21 ноември 2024

Митрески -Јовановиќ: Соработката меѓу Србија и Северна Македонија е одлична и не постојат отворени прашања

Митрески -Јовановиќ: Соработката меѓу Србија и Северна Македонија е одлична и не постојат отворени прашања

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - Пријателската соработка меѓу двете земји е одлична и не постојат отворени прашања, констатирале на денешната средба претседателот на Собранието, Јован Митрески и амбасадорката на Србија во Северна Македонија, Невена Јовановиќ.

Двајцата соговорници, како што соопшти собраниската прес-служба, оцениле дека во изминатите години се забележува тенденција на засилување на динамиката во одржување на редовни билатерални средби на највисоко ниво од двете страни.

-Добрите билатерални односи мора да продолжат и во иднина затоа што е исклучително важно да продолжи соработката и успешно да се надминуваат сите разлики. На средбата беше поздравена регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, при што соговорниците се согласија дека иницијативата значи отворање на можности за регионално поврзување и соработка, за слободен проток на патници, стоки и услуги кој води кон нивно регионално поврзување и отворање на патот кон членство во Европската Унија, се наведува во соопштението.

Митрески и Јовановиќ на средбата изразиле уверување дека единствениот пат кон побрз развој е продлабочување на економска соработка, што ќе придонесе за постигнување на клучните европски приоритети како зелената и дигиталната транзиција, додека енергетското и инфраструктурното поврзување се клучен предуслов за развој на успешен бизнис. дма/лв/

Фото: Собрание на 

Остани поврзан