• недела, 22 декември 2024

Средба меѓу претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Трајановски

Средба меѓу претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Трајановски

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - ​Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски денеска оствари прва средба со новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски. На средбата  Ѓорѓиевски информираше за состојбата во единиците на локалната самоуправа во областа за која Трајановски е надлежен - државните патишта, нивната изградба и одржување, информираат денеска од Општина Кисела Вода.

Двајцата соговорници заеднички ги лоцирале фокусите кон кои треба да се насочи работењето на ова државно претпријатие, со цел што поскоро да се интервенира на одредени патни правци.

- Во просториите на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), денеска остварив средба со новиот директор, Коце Трајановски. Како Претседател на ЗЕЛС кој редовно се среќава со сите останати градоначалници, ги посочив клучните точки кои се проблематични за нашите граѓани и морам да кажам дека наидов на разбирање и поддршка од страна на директорот Трајановски. Се договоривме дека заеднички ќе работиме на решавање на наталожените проблеми и дека нема да дозволиме нашите граѓани да чекаат за проекти кои им се неопходни за секојдневно нормално функционирање, изјавил Ѓорѓиевски.

Оттука, додал тој, со оптимизам гледа на периодот што е пред нас и се надева дека ќе се успее во намерата видно да се подобри состојбата со патната инфраструктура на територија на цела држава. сст/ац/

фото Општина Кисела Вода

Остани поврзан