• среда, 04 декември 2024

Средба меѓу Арсовска и амбасадорот на УНДП Григоријан: Заедничка реализација на проекти, со фокус на заштита на животната средина

Средба меѓу Арсовска и амбасадорот на УНДП Григоријан: Заедничка реализација на проекти, со фокус на заштита на животната средина

Скопје, 6 ноември 2023 (МИА) -  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), амбасадор Армен Григорјан, одржаа работна средба на која учествуваа 40 претставници на Град Скопје и УНДП, со цел дискусија за политиките клучни за развој на локално ниво чија имплементација следи, соопшти Градот Скопје.

-Претставниците од Град Скопје и јавните претпријатија ги презентираа тековните градски активности и проекти, како и идните планови, додека претставниците од УНДП ги презентираа областите со можност за заедничка реализација на проекти за соработка, со фокус на заштитата на животна средина како и проекти насочени кон инклузивен и одржлив развој на локално ниво, се вели во соопштенито.

Во соопштението се додава дека со присутните регионални експерти се дискутирало за можностите за интензивирање на меѓусебната соработка преку заедничка реализација на проекти и конкретни иницијативи за подобрување на животот на граѓаните со цел градење на севкупните капацитети на Град Скопје преку проекти чиј фокус е делување за овозможување циркуларна економија. љм/ац/

Фото: Град Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан