• петок, 22 ноември 2024

Средба Ковачевски - Варадкар: Северна Македонија треба побрзо да ги почувствува придобивките од членството во ЕУ

Средба Ковачевски - Варадкар: Северна Македонија треба побрзо да ги почувствува придобивките од членството во ЕУ

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Пријателските односи меѓу двете држави, кои се без отворени прашања, како и заинтересираноста  за натамошно унапредување на односите и интензивирање на соработката во сите домени од заеднички интерес, пред сè на економски план, беа потврдени на денешната средба меѓу претседателот на Владата Димитар Ковачевски и премиерот на Ирска, Лео Варадкар што се одржа на маргините од третиот Самит на Европската политичка заедница, во Гранада, Шпанија.

Премиерот Варадкар истакна дека Ирска цврсто ја поддржува интеграцијата на земјава во ЕУ, и воедно е меѓу најголемите поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ. На средбата од страна на ирскиот премиер беа посочени придобивките кои Ирска ги има како земја членка на ЕУ, истакнувајќи дека таквите придобивки важни за напредок и развој треба да ги почувствуваат и останатите земји. Во таа насока посочи дека Северна Македонија веќе предолго чека на тој пат.

Соговорниците разменија мислења за актуелните политички случувања во земјата, во контекст на промената на Уставот, при што беше заеднички потврдено дека тоа ќе претставува практично придвижување на европскиот пат. вј/нд/

Фото: Влада

 

Остани поврзан