• недела, 21 јули 2024

Средба Брнабиќ – Пич

Средба Брнабиќ – Пич

Белград, 24 ноември 2023 (МИА) – Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска разговараше со специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич, за подобрувањето на билатералните политички и економски односи, како и за актуелната ситуација во Косово и регионот.

Таа изрази голема загриженост за актуелната ситуација во Косово, особено поради фактот што „во Приштина ги спречуваат претстојните избори за пратеници на Народното собрание на Република Србија на територијата на Косово на 17 декември 2023 година“.

Брнабиќ посочи дека Белград покажал јасна посветеност на Дијалогот и постигнувањето стабилност и оти Србија цврсто ќе продолжи да инсистира на имплементација на Бриселскиот договор.

Посочувајќи на различни иницијативи во кои учествува Србија, Брнабиќ ја истакна посветеноста на регионалната соработка, која е еден од надворешнополитичките приоритети и придонесува за економски просперитет и развој на целиот регион. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан