• понеделник, 23 декември 2024

Србија во 2022 увезла близу 24 тони јаболка од Северна Македонија во вредност од 3,1 милиони евра

Србија во 2022 увезла близу 24 тони јаболка од Северна Македонија во вредност од 3,1 милиони евра

Белград, 30 октомври 2023 (МИА) - Според податоците и анализите на Здружението за растително производство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Србија (ПКС), во текот на 2022 година од Северна Македонија увезени се најмногу јаболки, потоа домати, кромид, зелка, свежи пиперки и лубеници, јави дописникот на МИА од Белград.

Според податоците и анализите на Здружението во 2022 година во Србија се увезени 305.990,5 тони овошје, односно за 9,1 отсто помалку во однос на претходната година. Вредноста на увезеното овошје и зеленчук изнесува 295,7 милиони евра.

Во 2022 година во Србија се увезени 26.126 тони јаболка, со увозна вредност од 3,7 милиони евра.

Јаболка најмногу се увезени од Северна Македонија, во износ од 23.837,8 тони и во вредност од 3,1 милиони евра.

Во текот на 2022 година се увезени 169.752,1 тони зеленчук во вредност од 155,1 милиони евра. Доматите имале најголема вредност на увозот во 2022 година во износ од околу 21 милион евра или 14 отсто од вкупната вредност на увозот.

Доматите најмногу се увезувале од Северна Македонија и Албанија, кромидот од Холандија и Северна Македонија, компирот најмногу од Холандија и Франција, гравот од Киргистан, додека лукот од Кина.

Од Северна Македонија се увезувала и зелка и свежи пиперки, од Албанија краставици, додека замрзнат грашок, замрзнат спанаќ и друг замрзнат мешан зеленчук увезен е во помали количини.

Лубениците најмногу се увезувале од Грција, а значително помалку и од Северна Македонија и од Албанија, наведуваат од Здружението за растително производство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Србија. об/вг/

Остани поврзан