• сабота, 27 јули 2024

Србија/Избори: Алексиќ најави протест на опозицијата: „Не е срамота да се изгуби, срамота е да се краде“

Србија/Избори: Алексиќ најави протест на опозицијата: „Не е срамота да се изгуби, срамота е да се краде“

Белград, 18 декември 2023 (МИА) - Мирослав Алексиќ, еден од лидерите на коалицијата „Србија против насилството“ за Н1 изјави дека изборите во Белград се „украдени“ и дека „Арена“ (Штарк Арена) е врвот на ледениот брег. Вечерва во 18 часот е организиран протест пред градското собрание, а ќе има и прошетка до ГИК. 

„Не сум задоволен ниту од резултатите во Србија, ниту од резултатите во Белград, ниту од излезноста на изборите. Излезноста е на ниво на минатогодишните избори“, посочи Алексиќ. 

Според него, опозицијата вкупно победила повеќе од СНС на изборите во Белград. 

„Вчера бевме сведоци на брутално насилство преку ден, насилство и кражби.... Нема срам да се изгуби, но има срам да се краде. Овде брутално е украдена изборната волја“, нагласи Алексиќ. 

Тој се осврна и на гласачите кои дојдоа да гласаат во Белград. Како што посочува, причината поради која доцна синоќа на прес-конференција се огласиле е затоа што во Белград има поголеми избирачки места и затоа гласањето траело подолго, па, како што вели, сакале да бидат сигурни во оценката на резултатите. 

„Во текот на денот беа објавени неправилности. Арената ја откривме како таква, после што ја испразнија. Проблемот е што Арена не е единствената, Арена беше врвот на ледениот брег.... Ова е доказ за целосниот колапс на државата и за тоа не можеме да молчиме“, истакна Алексиќ. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан