• среда, 07 јануари 2026

Спречен обид за упад во куќата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс

Спречен обид за упад во куќата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс

Вашингтон, 5 јануари 2026 (МИА) - Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека „луд човек“ се обидел да упадне во неговиот дом во Охајо, откако ги искршил прозорците на куќата.

Семејството на Венс не било присутно во куќата во моментот на нападот.

Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извор од органите за спроведување на законот, претходно објави дека властите истражуваат инцидент во домот на потпретседателот, а едно лице е веќе приведено во врска со случајот.

„Колку што можам да проценам, луд човек се обидел да влезе со провала, кршејќи ги прозорците. Благодарен сум на Тајната служба и на полицијата во Синсинати за брзиот одговор“, напиша Венс во објава на социјалната мрежа „Икс“.

Тој појасни дека во тој момент семејството веќе било вратено во Вашингтон и упати апел до медиумите да не објавуваат фотографии од неговиот дом на кои се гледаат оштетувањата. ссм/ми/

фото: архива

Остани поврзан