• недела, 22 декември 2024

Спречен обид за нелегален влез на лице од Јужноафриканска Република, мајка се обидела да ја пренесе ќерка си во багажник

Спречен обид за нелегален влез на лице од Јужноафриканска Република, мајка се обидела да ја пренесе ќерка си во багажник

Скопје, 10 август 2023 (МИА) - Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално пренесување на непријавено лице во државава, откако мајка од Јужноафриканска Република се обидела да ја пренесе својата ќерка во багажник на изнајмено возило со македонски регистарски таблички.

-Во понеделникот, на 7 август, на влез во државава, на граничниот премин со Грција во Битола, се пријави државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Л.Р. (57), како возач на изнајмениот автомобил. На прашање на царинскиот службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, лицето одговори нема ништо да пријави. Царинскиот службеник се посомнева во изјавата и реши да изврши физичка контрола на возилото, при што во багажниот простор на возилото пронајде непријавено лице. Со проверка на патната исправа се утврди дека се работи за државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Д.Ј. (23), информираат од Царинската управа.

За случајот, додаваат, е известена полициската станица на ГП Меџитлија и е предаден во нивна надлежност за натамошно постапување. вј/дма/

Фото: Царинска управа

Остани поврзан