Без вода дел од населбата Радишани
- Од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 20:00 часот до завршување со работните активности.
Скопје, 14 јули 2025 (МИА) - Поради уличен водоводен дефект од ф150мм на ул.„Амди Демир“ бб (кај пазарчето), попладнево со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Радишани.
Од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 20:00 часот до завршување со работните активности. дма/
Фото: МИА архива