• петок, 05 декември 2025

Спречен нелегален влез на 11 мигранти при царинска контрола на три камиони од Полска

Спречен нелегален влез на 11 мигранти при царинска контрола на три камиони од Полска

Скопје, 6 јануари 2024 (МИА) - Спречен нелегален влез на 11 мигранти државјани на Сирија, Пакистан, Камерун и Конго во три одделни случаи на влез на граничниот премин Богородица во текот на оваа и минатата недела,  информираат од Царинската управа.

- Два случаи се откриени од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги по контрола на две товарни моторни возила со полски регистарски таблички на влез во државата на Богородица на 4 јануари доцна вечерта и на 5 јануари во 4 часот наутро. И во двата случаи мигрантите се откриени во просторот за палети на полуприколките при контрола со мобилен скенер, при што и во едниот и во другиот случај се откриени по 4-ца мигранти од Сирија и Пакистан, се вели во соопштението од Царинската управа.

Третиот случај е откриен од страна на царинските службеници исто така на влез на граничен премин Богородица при контрола на товарно моторно возило, кое како и во горенаведените случаи било со полски регистарски таблички. При контрола на возилото, како што информираат од Царинската управа, во помошните сандаци за палети се откриени тројца мигранти од Камерун и Конго. аа/

Фото: Царинска управа

Остани поврзан