• вторник, 23 април 2024

Спортското игралиште во Инџиково отсега уште позелено

Спортското игралиште во Инџиково отсега уште позелено

На официјалниот настан кој се одржа викендов под мотото “Растеме заедно”, на спортското игралиште Инџиково во Општина Гази Баба беа засадени 150 дрва.

Донацијата е резултат на меморандумот за соработка помеѓу Иуте и Општина Гази Баба, со којшто не само што се обезбедуваат насади за пошумување, туку и нивна одржливост низ годините.

За време на настанот присуствуваа и дечињата од СОС детско село кои заедно со тимот на Иуте, дечињата од Гази Баба и фудбалскиот клуб, добија дрво со свое име и иницијали, кое ќе биде засадено и ќе се одржува низ годините како симбол на растење и придонес кон позелена околина.

“Навистина сме горди на овој проект и особено на партнерството со нашите пријатели од Man and Mountain, на тој начин приклучувајќи се кон најголемите еко иницијативи во нашава земја, на кои ќе се посветиме со ист интензитет и ентузијазам како и денес. На овој начин не само што даваме придонес кон позелена околина, туку обезбедуваме одржливост и континуитет, и најважно од се, креираме вредности кај децата уште од мали нозе.”, изјави Биљана Мишиќ, Извршен директор на Иуте Македонија.

“Иуте како наш стратешки партнер веќе четврта година ја поддржува работата и мисијата на СОС Детско село. Голема благодарност што нé вклучија во оваа општествено-одговорна акција, особено што посадените дрвца се наоѓаат на само неколку чекори до нас.”- додаде Силвија Брајовиќ, Директор на оддел за собирање средства и комуникации во СОС Детско Село.

Оваа донација е само почеток и дел од планираните активности кои Иуте ќе продолжи да ги реализира како општествено-одговорна компанија која континуирано инвестира во заедницата, а овој настан е еден од низата кои имаат за цел да ја вратат вербата во моќта на заедничките иницијативи и индивидуалниот придонес за подобро утре, преку контунуирано работење на подигнување на свесноста во секоја општествена пора.

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан