• недела, 12 мај 2024

Според сателитски снимки голем руски конвој се движи кон Киев

Според сателитски снимки голем руски конвој се движи кон Киев
Вашингтон, 27 февруари 2022 (МИА) – На денешните сателитски снимки се гледа како голем број руски војници и тенкови на 64 километри од Киев и се движат кон главниот град на Украина, соопшти приватна американска компанија „Максар технолоџис“ (Maxar Technologies Inc). На снимките се гледаат стотици воени возила кои се протегаат на повеќе од пет километри. Конвојот се наоѓаше североисточно од украинскиот град Иванкив и содржи логистика и оклопни возила, како и тенкови, пешадиски борбени возила на пешадија и артилерија. ми/

Остани поврзан