Според рускиот министер за одбрана војната во Украина ќе трае најмалку до 2025 година
- „Специјалната воена операција ќе трае најмалку до 2025 година“, рече тој. „Со доследно спроведување на мерките и плановите за активности до 2025 година ќе ги постигнеме поставените цели“, вели Шојгу.
Москва, 26 септември 2023 (МИА) - Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека војната во Украина ќе трае најмалку до 2025 година.
„Специјалната воена операција ќе трае најмалку до 2025 година“, рече тој. „Со доследно спроведување на мерките и плановите за активности до 2025 година ќе ги постигнеме поставените цели“, вели Шојгу.
Објавата на Шојгу ја сподели на X (Твитер) Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи.
The "special military operation" in Ukraine will last at least until 2025 - Shoigu.
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 26, 2023
"Consistent implementation of measures and activity plans until 2025 will allow us to achieve the goals we set."
What kind of goals did they set? Russian army will completely fall apart? There… pic.twitter.com/pvFQP12VZl
Во неговиот коментар тој прашува за какви цели станува збор. „Какви цели си поставија? Руската армија целосно ќе се распадне? Ќе има „негативна офанзива“ сè до Москва? Сè можно ќе биде украдено од рускиот буџет до 2025 година?“, се прашува Герашченко. ссм/
фото: архива