• четврток, 15 август 2024

Според патријарх Даниил би било прекрасно денешниот празник на Свeта Богородица да биде официјален

Според патријарх Даниил би било прекрасно денешниот празник на Свeта Богородица да биде официјален

Софија, 15 август 2024 (МИА/БТА) - Прекрасно би било денешниот празник Успение на Света Богородица да стане официјален и да се нареди до празниците Божиќ и Велигден, и да се почитува како што се почитува во соседните Грција и Романија. Ова денеска го изјави бугарскиот патријарх и софиски митрополит Даниил пред новинарите во Ќустендил. Тој учествуваше на денешниот официјален духовен празник на градот и отслужи патријаршиска литургија во катедралниот храм „Св. Успение Богородично“.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

„Овој празник на многу места во Бугарија е неработен ден за соодветната општина. Ако населението го празнува денес, не е далеку времето кога празникот ќе се прогласи за официјален, национален празник. Прекрасно би било,“ рече патријархот.

На патријаршиската литургија денеска учествуваа и осоговскиот митрополит Григориј и митрополит Јосиф од Република Северна Македонија. На прашањето на БТА како треба да се толкува ова заедничко служење, бугарскиот патријарх рече дека тоа е пример на единство и љубов. Денеска во Република Северна Македонија, според стариот стил, се почитува преносот на моштите на свети архиѓакон Стефан.

„Кај нив е пост, но тие дојдоа тука за да се приклучат со нас на овој радосен настан. Ова не е ли пример на љубов? Затоа велиме дека љубовта ги надминува гревовите и разликите и стои над сè, а ова е токму пример на единство и љубов во православната црква,“ рече патријарх Даниил.

Откако отслужи молебен за здравје и благосостојба на жителите и гостите на градот, патријарх Даниил ги повика верниците на смирение и вера во Бога. „Радоста не доаѓа од материјалното. Таа не зависи од материјалните услови, туку од нашиот однос кон Бога. Дали веруваме, дали се стремиме кон Него и дали се обидуваме да живееме во мир со Бога и со луѓето, од тука доаѓа душевната радост, бидејќи Бог е изворот за неа.“

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Остани поврзан