• недела, 21 јули 2024

СПМ: Предложениот закон е погрешно најавен како решение за запирање на растот на цените на производите

СПМ: Предложениот закон е погрешно најавен како решение за запирање на растот на цените на производите

Скопје, 29 февруари 2024

 

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека предложениот закон од ДУИ и СДС за нефер трговски практики е погрешно најавен како решение за запирање на растот на цените на производите кои сега се  замрзанти.

Членовите на Владата, Фатмир Битиќи и Крешник Бектеши, упорно најавуваат запирање на растот на цените со донесувањето на овој закон, иако и во неговото образложение тоа не стои. Ова дополнително потврдува дека министрите свесно манипулираат со граѓаните и сметаат на нивното кратко памтење што претставува ново потценување.

Самиот закон има одредените недостатоци, недоречености и отворени празнини за можни изигрувања. Законот има амбициозна цел, но таа не може да се реализра со највеното одмрзнување на цените, кога допрва министерот за економија треба да донесе листа на земјоделски и прехрамбени производи кои се предмет на уредување на овој Закон во кој Министерството за земјоделство не постои. 
Споменатиот закон ги регулира односите помеѓу купувачот и неговите добавувачи, но не и односите меѓу добавувачите и потрошувачите со што се ограничува неговиот досег и предмет на уредување.

Колку се краткорочни и плитки манипулациите на двоецот министри говори податокот дека се потребни најмалку 6 месеци и повеќе за Комисијата за заштита на конкуренцијата која ќе го спроведува законот да се оспособи статутарно, технички, технолошки, организациски и кадровски. Дури потоа ќе може да ги разгледува барањата за нефер трговски практики меѓу купувачот и добавувачите и да ги оценува во законски предвидена постапка.

Но тоа владините ликови не и го соопштуваат на јавноста, со што дополнително ја потврдуваат својата дволичност.

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека со предложениот закон само административно ќе се влијае на односите меѓу купувачот и добавувачите на начин што ќе има ограничено влијание на пазарното движење на цените. Со тоа нема да се запре растот на цените на пазарни основи што не е и не може да биде предмет на регулирање на овој закон.
Сето ова е уште еден небулозен пример за импровизацијата на владата и неодговорноста и неподготвеноста на министрите.

Социјалистичката партија на Македонија 

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан