• среда, 03 јули 2024

Спејс Икс утре ќе однесе четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица

Спејс Икс утре ќе однесе четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица

Спејс Икс, компанијата на Елон Маск, стана омилен превозник на НАСА, откако Боинг доцнеше со тестирање на својата вселенска капсула Старлинер.
Првиот лет со екипажот на Спејс Икс во мај 2020 година стави крај на деветгодишната американска зависност од руски ракети за транспорт до ИСС.
Утре повторно ќе се користи истата ракета како и минатиот мај, а капсулата „Кру Драгон“ ќе биде истата што се користеше во пробните летови.
„Многу ни значи како агенција затоа што сме дел од програмата ИСС веќе 20 години и имаме намера да бидеме дел од следната“, рече францускиот астронаут, осврнувајќи се на можниот лет кон Месечината.
Пескет рече дека е возбуден што лета во футуристичкиот и целосно автономен „Кру Драгон“, што е значително различно од рускиот Сојуз со кој претходно леташе. паг/
 

Остани поврзан