Специјалниот пратеник на Трамп за Украина ја одложи посетата на Киев
- Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха изјави дека е откажана посетата на специјалниот пратеник на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за Украина и Русија
Киев, 8 јануари 2025 (МИА) – Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха изјави дека е откажана посетата на специјалниот пратеник на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за Украина и Русија.
Планирано беше пензионираниот генерал Кит Келог да ја посети Украина. Тој долго време беше главен советник на Трамп за одбрана.
- Уверен сум дека состанокот ќе се одржи во свое време, наведе Сибиха, без да прецизира кога ќе биде реализрана посетата на Келог на Украина. ми/
фото: МИА архива